Todor Tose Proeski Forum
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


MILION SRCA JEDNA MOLITVA
 
HomeKolumne Toseta Proeskog EmptyTražiLatest imagesRegistracijaLogin
Similar topics
Prijatelj Foruma
Kolumne Toseta Proeskog Elitninenadm32
Ko je prisutan na forumu
Ukupno 3 korisnika online: 0 registrovanih, 0 skriven, 3 gostiju

niko

Najviše korisnika koji su istovremeno bili na forumu do sada bilo je 201 dana: 2012-01-25, 01:22
Traži
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Kontakt za clanove
toseproeski@ angelic.com

 

 Kolumne Toseta Proeskog

Go down 
AutorPoruka
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:14

Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија


Драги мои, ќе бидам искрен и ќе признам дека се навикнав со вас да ги делам сите работи што ми се случуваат , и приватно и професионално, и одвај чекам да дојде петок за да си "помуабетиме", а потоа и да ги слушнам вашите коментари. Пишувањето за Магазин +" е нешто како мој дневник.

Многу сум уморен. И кога ќе ви кажам дека неделата што е зад нас ми беше напорна и бурна, веројатно нема да ви откријам ништо ново. Бев во Холандија заедно со браќата Масевски, ја направивме промоцијата на спотот и песната во "Александар палас", а во средата се врати и Лилја од Истанбул, каде што се одржа ждрепката за редоследот по кој ќе настапуваат евровизиските учесници. Задоволен сум и ми се допаѓа "петнаесетката", тоа е позиција која ја посакува секој пејач, средина каде што увото е изострено за вистинските звуци.. Ќе биде навистина интересно, зашто по мене настапува и мојот пријател Жељко Јоксимовиќ, а кон крајот се и Словенците, Хрватите, Босанците... Југославија во мало...

Во Холандија си поминав прекрасно, работев со луѓе кои се огромни професионалци, а истовремено толку обични и нормални луѓе... Ми беше огромна чест да снимам во студио каде што снимал Стинг, Роберт Палмер, Мик Џегер, Мајкл Џексон... Можев да ги насетам овие големи имиња во секое ќоше од студиото...

По двата дена престој во Амстердам (интересен град каде што велосипедите го имаат главниот збор) се вратив во Скопје и веднаш заминав за Крушево. Ретки се моментите кога сме заедно со семејството, со мајка ми Доминика, татко ми Никола, сестрата, зетот, внучето, шарпланинците..., но затоа, пак, се толку драгоцени, вистинско богатство кое многу ми недостига... А овој пат навистина ги изненадив - отидов во Крушево со новиот мотор! Убаво е да се возиш по тие тесни сокачиња во кои е втиснато моето детство, живот, првата љубов... Убаво е да се биде во Крушево во пролет. Сe почнува да се раздвижува, да се раззеленува. Убавина. Сето тоа ми недостасува многу...

Честопати кога сум дома, одам во блискиот манастир. Е, тоа место има навистина интересна приказна во себе: еден другар на татко ми го сонувал местото, каде што подоцна нашле темели од стар манастир и оттогаш почнала неговата изградба, тешко се собирале средства, но, некако, по 13 години успеале да го направат манастирот. И мислам дека од моментот кога татко ми почна да ја гради црквата со другарите, се промени целата ситуација во моето семејство, пред сe, егзистенционална. Самото споменување на тоа ме потресува до ден-денешен, а татко ми е секој ден таму и се грижи за сите тие работи. Никогаш нема да заборавам ниту на Македонија, ниту на Крушево, ниту на манастирот, зашто целата моја слава, здравје и среќни ситуации што ми се случуваат секојдневно, ги должам токму на тој празник - Св. Преображение. Постојано мислам на Бога и благодарен сум му што ми дава сила да ги надминам сите тешкотии и препреки во мојот живот.

Ја спомнав промоцијата на спотот во "Александар палас". Многу драги луѓе, пријатели, новинари, соработници... Имаше многу позитивна енергија, а тоа уште еднаш ми покажа дека сето ова што го работам не е за џабе. Напротив, тоа што го добивам од публиката како повратна реакција, ме исполнува сосема, а ќе бидам уште посреќен кога на 12 мај, во Истанбул, ќе се спомене моето име, а до него ќе стои Македонија. Тоа ќе ми биде најубавото чувство, зашто се ежам од странци кои не знаат каде е и не слушнале за Македонија!

Ве сака, Тоше

(Март 2004)
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:15

Алергија и плејстејшн



Драги мои,



Се наоѓам на Малта, каде што ја промовирам ?Лифе", песна со која ќе настапам на Евровизија. Интересна е оваа држава, убава и мала (само 250.000 народ), а толку музикална, исто како нашата. Дружењето со Џули и Лудвиг, претставници на Малта на ?Евросонг", всушност, почна во Скопје, во понеделникот, а продолжи во Србија, каде што имавме заедничка предевровизиска промоција. Сега сум на нивни терен, и уживам како гостин.

Да бидам искрен, размислувајќи за себе како домаќин, жалам што не успеав да ги прошетам во Скопје, зашто Џули и Лудвиг дојдоа во неделата, а јас во тоа време снимав реклами за ?Еуротрејд" во Злокуќани. Откако завршив, заедно отидовме на вечера. Јадевме риба, мислам дека беше охридска, и Џули и Лудвиг си побараа репете. И двајцата се прекрасни луѓе, преслатки се, разговаравме многу и имав чувство дека се знаеме со години, иако ова ни е прва средба. Односот ни беше совршен и тоа, искрено, ми е мошне драго.

Овие денови повеќето од времето го поминувам во хотелот ?Александар палас", каде што активно се подготвувам физички, заедно со мојот тренер по кик- бокс Зоран Петковски. Но, да не ме разберете погрешно - не тренирам кик - бокс, туку вежбам рекреативно, најчесто трчање, а и други вежби за одржување на кондицијата.

Во паузите, додека се обидувам да стасам од една до друга обврска, честопати се сретнувам со познати, но и непознати луѓе, кои искрено ми ги кажуваат своите коментари за евровизиската песна. И посебно ми е драго што слушам дека преработената верзија на ?Ангел си ти" (?Лифе") им се допаѓа многу - тоа е позитивно и ме прави многу среќен. Имам чувство дека настапот на Евровизија нў обединува како народ, нў прави единствени, нешто што во последно време изгледа како да ни недостасува...

Деновиве, покрај тоа што ме ?фати" мала настинка која ја ?решив" набрзина, бев и чест ?гостин" во Државна болница, каде што вршевме испитувања за мојата алергија, која редовно се јавува во ова време од годината. Го знаете она - ви солзат очите, кивате... Не станува збор за некој посериозен проблем, но сепак, мораше добро да се испита. Сега е сў во ред - испитувањата се завршени, а вакцините што треба да ги примам се веќе порачани.

Во ретките мигови кога имам слободно време, се релаксирам возејќи се низ градот со мерцедесот, а кога сум дома, најголемиот дел од времето го минувам играјќи плејстејшн. Тоа ме релаксира многу, ја обожавам ?Колин Мекри"- рели, а често ја играм и ?Мафија", која е, исто така, многу добра игра за компјутер.

За среќа, ми стигна и новиот синтисајзер што го очекував одамна. Полека почнувам да го анализирам, да откривам нови работи, можности... Уф, колку е убаво чувството кога се открива нешто ново...

Ве сакам.

(Април 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1438&stID=11739&pR=21
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:16

МРАЗАМ ПРОМОЦИИ ВО ПЕТОК!




Драги мои,



Додека ви ја пишувам мојата нова колумна се наоѓам во Данска: денеска ќе ја промовирам евровизиската песна ?Лифе". Овие денови ми се во знак на ?Евровизија": само што се вратив од Малта и веднаш - ново патување, но овој пат малку поразлично од другите. Ќе ви признаам дека заминав во Данска бесен, натажен и несреќен што мојата промоција се случува токму денеска, в петок, од едноставна причина што петоците не ми се омилени ниту за работа ниту за пеење. Но, што е - тука е, сега е веќе доцна за откажување, терминот беше договорен одамна, а ниту јас ниту Лилја не сфативме навреме дека закажаниот датум е токму во петок. Сепак, јас сум професионалец и ќе се потрудам максимално професионално и концентрирано да си ја исполнам мојата обврска заради која сум дојден , да се претставам и себеси и Македонија во најдобро светло, а за впечатоците ќе ви раскажам во моето наредно пишување на страниците на ?Магазин+".

Овие денови, во малубројните слободни мигови и се радувам на пролетта и со големо нетрпение го очекувам нашиот најголем празник- ?Велигден". Веднаш по враќањето од Данска, директно од аеродром ќе одам дома, во Крушево, од каде што веќе можам да го почувствувам и мирисот на јагнешкото месо што мајка ми редовно го подготвува на овој празник. Убава е и пријатна атмосферата кога целото семејство ќе се собере околу празничната трпеза, подеднакво мило како што е и самата вечер кога заедно со најблиските, но и со другарите одиме в црква. ?Велигден" е одлична можност да се видам и со луѓето што долго време не сум ги сретнал, а се дел од мојот живот, детство...

Живеам динамично, понекогаш толку многу брзо што од височините на небото, додека сум во авион, честопати си помислувам на училишните дни, Широкиот сокак во Битола, кафулињата, билјард-игротеките во мојот роден град... Толку одамна, а толку блиско, ми ја грее душата, ми ги олеснува преместувањата од еден авион во друг, ме весели додека сум во автомобил и патувам, кога се среќавам со непознати луѓе и се движам на места каде што никогаш не сум бил претходно...

А едно од тие мали, но егзотични и полни со душа места е и Малта. Сў уште сум под импресии од мојата посета на оваа земја, преубавиот пречек, фантастичниот прием и срдечноста на луѓето, почнувајќи од оние со кои бев врзан професионално, па сў до најобичниот свет, кој по неколку гостувања на ТВ-станиците почна да ме препознава и на улица. Од приемот на Малтежаните заклучив дека се народ кој умее да цени квалитет, а од она малку што го чув и видов, сфатив дека кај нив не можеш да поминеш туку-така. Многу ми е мило што се најдовме на иста бранова должина со моите домаќини, се забавувавме, посетивме и многу историски знаменитости, а јадевме и риба- нешто неверојатно вкусно...

Слушајќи ги Малтежаните, заклучив дека многу им се допаѓа нашата песна, но и спотот. А кога сме кај спотот, се изненадив кога по враќањето од Малта слушнав и негативни коментари на негова сметка. Мислам дека станува збор за забуна зашто луѓето не беа доволно информирани околу самата идеја и намера што ја имавме уште пред да почнеме со снимање. По многу консултации и барања на најразлични мислења од странски и домашни стручњаци, решивме да снимаме статичен спот во кој целото внимание ќе биде концентрирано врз пејачот, односно врз мене, а не на некаква приказна или ?патеписна репортажа" која би го одвлекувала вниманието на гледачите на сосема друга страна. Зашто мора да се има предвид дека за 30 од вкупно 36 земји-учеснички на ?Евровизија", кои го гледаат спотот, јас сум сосема непознат пејач, така што моравме да направиме статичен спот за да може луѓето да ме запознаат, за разлика од овде, на пример, каде што можам да снимам и спот во кој воопшто нема да се појавам...

Но, место за негативна енергија нема. Напротив, сега, повеќе од кога и да било претходно ми е потребна позитивна енергија зашто, како што наближува времето за одржување на ?Евровизија", така се зголемуваат и моите обврски, многу патувања, промоции, издавање на новиот албум кој ќе го промовирам на 19 април во ?Александар палас"... Атмосферата станува сў понапната, а во меѓувреме, на секои четири дена почнав да ги примам и вакцините против мојата пролетна алергија...



Ве сакам

(Април 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1444&stID=12254&pR=20
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:17

СЕ ПРИЧЕСТИВ ВО КРУШЕВО




Драги мои,

И јас како и сите други верници го прославував нашиот најголем христијански празник Велигден и уживав во друштвото на моите најблиски во родното Крушево, каде што се видов со многу драги луѓе, пријатели, соседи и добронамерници од кои секогаш (па и овој пат) сум ги добивал најискрените убави и помалку убави, но секогаш искрени зборови. А токму тоа е она што ми недостасува во овој динамичен и нападен свет, во кој изгледа како сите вредности да се изместени од своето место, а главниот збор го има лицемерието. И не само што звучи лошо, туку е и огромна вистина со која се соочувам секојдневно гледајќи ги сите тие, 0134од прва"- љубезни фаци, кои се смешкаат, а штом свртат на првата кривина, веднаш почнуваат да озборуваат. За среќа, кога сум дома во Крушево можам сосема да се релаксирам...

Уште ми се тазе впечатоците за Велигден. Итаницата да стасам навреме за причесната во саботата навечер почна уште утрото, истиот ден во Копенхаген, Данска. Така, наместо да се вратиме в недела, како што планиравме, тргнавме еден ден порано, па од аеродром заминав директно во Крушево. За среќа, стасав навреме за да се подготвам и да одам в црква, каде што се причестив. Постев една недела пред Велигден, а најтешко ми падна тоа што речиси никаде не можев да јадам ништо друго освен овошје и салати! Не, се шегувам, зашто кога човек има верба и сака нешто доволно силно, не е никаков проблем да се издржи - напротив, тоа нў прави уште посилни!

Патувањето во Данска беше дел од моите предевровизиски претставувања, во чии рамки заедно со кралицата на ромската песна, Есма Реџепова, одржавме концерт. А пред да се сретнеме со данската публика во концертната сала ?Тиволи", на специјална прес-конференција имав средба и со тамошните новинари кои се интересираа за нашата земја и за евровизиското учество. Приемот на Данците беше топол и срдечен, а девојчињата чекаа упорно за да добијат автограми... Искрено се надевам дека сиве овие патувања и промоции ќе ни помогнат да оствариме што подобар пласман во Турција, иако не би сакал ништо однапред да предвидувам, зашто како што сум кажал многупати досега, јас ќе се обидам да дадам максимум од себе, барем тоа зависи од мене, а за преостанатото... Инаку, во Данска патувавме со два бенда- мојот и оној на Есма, а посетата беше стриктно работна, така што немав многу време за некои други активности, прошетки, посети, а овој пат поради постот ги скокнав и националните специјалитети кои со задоволство ги дегустирам во земјите каде што патувам.

Денеска патувам во Зеница, каде што ќе присуствувам и ќе настапам на доделувањето на босанските музички награди ?Даворин 2004", каде што сум номиниран во две категории-најдобар соседски пејач и најдобар соседски албум. Присуството на оваа манифестација е одлична можност да ја запознаеме тамошната јавност и со нашата евровизиска песна...

Деновиве ме очекува уште една голема обврска - в понеделник ќе се случува промоцијата на моето ново цеде. И, како што многупати досега сум кажал, не случајно тргнува промоцијата токму од овде, зашто прво сакам да ве израдувам вас, драги мои фанови, кои секогаш ќе бидете мојата најверна публика, а потоа и сите друго, за тоа потоа, Лилја веќе ми крои жестока маршрута...



Ве сакам

(Април 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1449&stID=12620&pR=15
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:17

Што е тоа ФИРОМ?




Драги мои,



По вчерашното потпишување на мојот нов албум ?Ден за нас" на Саемот за книги, на штандот на Англискиот центар, денеска имам повторна средба со мојата публика во втората хала на Сајмиште, но овој пат на Саемот на компјутери - ?Инфоком". На штандот на ?Канон" сум од 16 до18 часот, а веќе утре ме очекува истата обврска и во салонот на ?Космофон" во ГТЦ. Потпишувањето на цедињата и фотографирањето со мојата драга публика ми прави огромно задоволство - секогаш се радувам на нашите средби и расположен сум да ги слушнам вашите критики или пофалби. Искрено ќе ви признаам дека одвај чекам да ја слушнам првата реакција околу новите песни на албумот...

Во понеделникот, во ?Александар палас" ми се случи една навистина убава, можеби најубавата промоција што сум ја имал досега. Дојдоа многу луѓе, мои пријатели, роднини и колеги, а посебно ме израдува големиот интерес на медиумите. Презадоволен сум од промоцијата, но и од самиот албум за кој мислам дека е моето најдобро цеде досега, а задоволството е поголемо ако ви кажам дека учествував во секој дел од неговото создавање, почнувајќи од песните што ги снимавме во студиото во Минхен, па сў до изборот на фотографии кој го направив јас, а го дизајнираа момците од ?Нењ момент". Но, да не се фалам премногу, сепак, ќе ми биде подраго да го слушнам вашето мислење.

Понеделничкиот ден беше еден од моите најдинамични денови во последниов период. А се почна ден порано, во неделата кога од Сараево требаше да се вратиме во Скопје за навреме да се подготвиме за промоцијата во ?Александар палас". Ќе ви признаам дека страшно се нервирам кога треба да патувам во Босна зашто патувањето трае бесконечно долго..., а јас ги мразам авионите. Но, што се случи? Таман влеговме во авионот за враќање, кога нў известија дека се расипал и дека мора да чекаме да се отстрани дефектот. И бидејќи немаше друг начин да стигнеме дома, моравме да се сместиме неколку часа во хотел за да се одмориме, а во Скопје стасавме дури околу 17 часот. Татко ми и мајка ми веќе беа дојдени од Крушево и едвај чекаа да им раскажам за тоа што се случуваше на доделувањето на наградите ?Даворин 2004" во Зеница. Претпоставувам знаете, ?Утрински" веќе пишуваше, а и јас го повторив истото на промоцијата. Потегот на организаторите кои ме потпишаа со кратенката ФИРОМ, многу ме погоди, а ја разбесни и Лилја која кога му се ?вдаде" на режисерот мислев дека ќе го задави... И го кажав тоа што го кажав - јас не познавам никаква држава ФИРОМ и доаѓам од Македонија, а посебно ме израдува тоа што добив силен аплауз од публиката која несебично ме поддржа. По завршувањето на манифестацијата имаше жур на кој присуствуваа сите учесници, но искрено, јас бев многу разочаран и наместо да одам на забавата, решив да останам во собата.

Во еден разговор со Лилја и реков и дека нема да пеам ниту во Турција доколку повторно нў потпишат со кратенката ФИРОМ. Што е тоа ФИРОМ? Која е таа држава? Навистина не ми е јасно, но се надевам дека ќе најдеме некое заедничко решение. Јас сум голем патриот.

Во меѓувреме добив покана да учествувам на доделувањето ?Оскар на популарноста" во СиЦГ, каде што сум номиниран во две категории, но го откажав учеството, пред сў, затоа што терминот на пробата која е задолжителна (28 април), се поклопува со нашите претседателски избори. Ќе останам во Македонија за да ја исполнам својата граѓанска обврска и да гласам, за првпат во Скопје (пред неколку месеци ја сменив адресата во личната карта), а се надевам дека мојот пример ќе го следат и другите мои фанови и граѓани. Мора да имаме на ум дека никој друг, туку ние сме тие што треба да поведеме поголема сметка за својата држава, да се грижиме за нејзиното добро и секој според своите убедувања и чувства да го даде својот глас. Апелирам сите да излеземе на изборите!

Ве сакам

(Април 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1455&stID=13164&pR=18
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:18

На ,,галење" во Крушево




Драги мои,


Ако се прашувате каде сум - решив малку да се повлечам и да се одморам дома, во Крушево. Ќе ви признаам дека како што наближува времето за ?Евровизија", така и атмосферата станува сў понапната, па празникот ќе го поминам дома, со најблиските, иако и овде, во Крушево полека се чувствува тоа ?затишје пред бура"... Сите сакаат да дознаат нешто повеќе околу моето заминување во Истанбул на 4 мај, па деновиве, меѓу другото, се обидувам да ја задоволам и љубопитноста на моите сограѓани, а и на сите медиуми кои со голем интерес ги следат подготовките и постојано ми се јавуваат.

Во средата бев на гласање и ја исполнив својата граѓанска должност. Гласав во Крушево, иако за првпат, оваа година, требаше да гласам на мојата нова адреса во Скопје, но поради неажурното префрлање на податоците - останав на списокот во старата изборна единица.

А кога сме кај претседателските избори, заедно со Лилја присуствувавме и на митингот на Бранко Црвенковски, па претпоставувам дека многумина ќе се прашуваат зошто Тоше Проески отишол на митинг на СДСМ... Прво, јас не сум партиски определен, но респектот кон луѓето кои се појавуваат на моите концерти, настапи и промоции ме обврзува да им вратам во иста мера. Во тоа е и човечката големина - секое внимание да го вратиш со внимание. Отидов на митинг од респект спрема човекот кој е мој чест гостин и мислам дека не треба да се игнорираат луѓето според тоа дали се обоени во оваа или во онаа боја. Не е битно кој е што, зашто првенствено, најбитна е почитта.

Инаку, веднаш по промоцијата на албумот во минатиот понеделник, зедов слободен ден за малку да се средам и одморам, пред средбите со моите фанови и потпишувањето на албумот во ?Југотон", на Сајмиште и во ?Космофон". Речиси целиот ден го минав со моите родители кои дојдоа специјално во Скопје, поради промоцијата. Добив дваесет и четиричасовен третман и бев ставен на специјален ?мамин" режим на исхрана - месено, печено, готвено...

Ништо ново ако кажам дека изминатава недела беше пребурна - секојдневно се случуваа потпишувањата на мојот нов албум и кореографските и тонски проби, а и пробите за гардеробата што ќе ја носам во Истанбул. А кога сме кај облеката, ќе ви откријам само дека навистина ми се допаѓа како ми стои белата боја... Меѓу другото, деновиве го ?искористив" ?Енерџи" и за да си земам нови тренерки кои ми беа потребни за тренинг...

Во меѓувреме, по покана од ?Цептер" присуствував на нивната забава, каде што добив прекрасен комплет садови за готвење. Беше многу интересно, а јас бев изненаден од подарокот, посебно ако ви кажам дека воопшто не знам да готвам. Но, ова е одлична шанса да почнам да учам, иако засега главниот збор околу садовите на ?Цептер" ќе го има мајка ми Доминика, која патем, многу им се израдува...

Бев и на модната журка што се случуваше во клубот ?Елемент", каде што се видов со многу мои колеги и обожаватели. Беше одлично, а за сите оние што се прашуваат која е мојата нова девојка, можам само да им кажам дека Ивона е сосема непозната во јавноста и е апсолутно нормална, скромна и фина личност. Обична девојка...

Има толку многу работи што треба да се средат пред заминувањето во Истанбул... Навистина не знам како Лилја успева сў да постигне, а што е најинтересно - никогаш да не ми ги кажува проблемите, па и кога ги има не ги спомнува пред мене. В понеделник ме очекува прием кој за нас го подготвува турскиот амбасадор во Скопје, за да ни посака среќен пат, што е одличен гест од негова страна, а во вторник попладне, здравје Боже, летаме за Истанбул... Многу мои обожаватели го најавија своето присуство на аеродром за да ме испратат... Се радувам на тоа! Ми изгледа домаќински и топло, и многу ме разнежнува!

Ве сакам

(Април 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1461&stID=13776&pR=20

Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:18

Силно обезбедување во Истанбул

Драги мои,



По сите подготовки, најави и зборувања, конечно сум во Истанбул, градот во кој ќе се случува големото евровизиско финале на кое сите се надеваме и го очекуваме. Од она малку време што успеав да го украдам и да се прошетам, дефинитивно се уверив дека Истанбул е град кој никогаш не спие, мошне е динамичен и преполн со луѓе и автомобили... А во сиот овој хаос, организацијата функционира беспрекорно - претставниците на организаторот - Турската национална телевизија, нў пречекаа уште на аеродромот од каде што веднаш бевме сместени во хотел. Атмосферата овде е многу бучна и динамична, постојано пристигнуваат евровизиски делегации од сите земји-учеснички, а најинтересно е тоа што секоја од нив, па и нашата, има обезбедување од шест лица! Да, токму така, каде и да ?мрднеме" по нас одат шестмина ?батки", кои не дозволуваат никој ?накриво" да нў погледне, а камоли да се обиде да направи некаков инцидент...

Уште кога стасавме во вторникот попладне, веднаш по сместувањето, додека другите членовите од нашата екипа излегоа да го разгледуваат Истанбул, јас и Лилја останавме и дадовме неколку интервјуа за турските медиуми, кои ни ги договори нашиот конзул во Турција, господинот Јордан Панов, кој патем ни откри и многу тајни за овој особен град... Интересно е тоа што новинарите се информирани за нашата земја, познаваат дел од пејачите и ми поставуваат многу прашања, меѓу кои, секако, доминираат оние што се врзани за нашиот настап и песна на ?Евровизија", очекувања, прогнози, мои фаворити... Инаку, критиките што ги добив досега се позитивни, но повторно ќе кажам дека не сакам да давам никакви прогнози, сў ќе се знае на 12 мај за кога е закажана и полуфиналната вечер...

Вчера претпладне ја одржавме и првата наша проба во ?Абди Ипекчи", местото каде што ќе се одржи ?Евросонг". Сцената е огромна, има многу светилки, модерен дизајн - очигледно организаторите се потрудиле да остават добар впечаток, посебно ако се има предвид дека ова е првпат да бидат домаќини на ?Евровизија", нешто што очигледно многу им значи. Убаво е да се биде во Истанбул...

Во овие пребукирани моменти сфаќам колку значи одморот, доброто полнење на батериите кои треба да издржат уште долго... Во изминатиов период имав толку многу активности што мислам дека ако не заминев неколку дена во Крушево да се одморам, навистина не знам како ќе издржев... И навистина се одморив добро пред да заминам за Турција, уживав во моето Крушево, се возев со моторот, среќавав весели и насмеани лица, добивав топли зборови на поддршка, а и времето беше навистина прекрасно... Всушност, најмногу уживав во друштвото на моите внуци Кристијан и Никола. Неодамна по вторпат станав вујко, а Кристијан си доби братче кое го крстивме по татко ми Никола, кој, според мене, е најсреќен од сите нас...

Она што ме прави дополнително среќен на ова патување е и благословот што го добив од дедо Стефан, непосредно пред да заминам за Истанбул, а многу ми значи и поддршката од фановите кои секојдневно, па дури и овде наоѓаат начин да ме исконтактираат и да ми ја искажат својата поддршка. Не смеам да заборавам да го спомнам приемот што го организираше турскиот амбасадор, Мехмед Ташет, во наша чест, еден ден пред заминувањето. Се дружевме во една релаксирана атмосфера, а приемот беше шанса да дадам и неколку интервјуа во кои новинарите претежно ме прашуваа како се чувствувам пред заминувањето. И тогаш и сега ќе кажам дека ќе го дадам максимумот од себе за да ја претставам нашата држава онака како што и доликува, ќе се обидам да ги запознаам Турците и другите делегации со нашата историја и знаменитости... Се надевам дека на 10 мај ќе имаме и една убава македонска вечер во Истанбул, ќе се забавуваме и заедно со ?Синтезис" ќе им покажеме на гостите што значи да си Македонец. А сў друго што ќе дојде - е добредојдено!

Ве сакам

(Мај 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1466&stID=14154&pR=13
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:20

ЧЕСТИТКИ ЗА РУСЛАНА

Драги мои,



По двонеделна пауза, еве сум пак- нашата дружба на страниците на ?Магазин +" продолжува веднаш по Евровизија, по толкуте работи, настани, луѓе и места што ми се случија во изминатиов период. Среќен сум од реакцијата на мојата публика и моите обожаватели кои ме дочекаа исто како и што ме испратија, нешто што ми значеше најмногу. Посебно ме изненадија и моите крушевчани кои, во договор со мајка ми и со татко ми, ми приредија преубав дочек, нешто што не сум го доживеал никогаш... Благодарение на вас, мои фанови, се вратив сосема растоварен од сето она што го доживеав во Истанбул.

А во Турција имаше од сў по нешто, но најглавното беа обврските и работата. Имав пеколно темпо. Секој ден станував рано, одев набрзина на појадок, потоа давав интервјуа и околу 12 часот заминував на проба која траеше и по неколку часа. Единствениот одмор и релаксација ми беше хотелското џакузи каде што минував секој ден по еден час, потоа повторно ме чекаше проба, враќање пред полноќ, каснување и веднаш на спиење. А кога сме кај храната, Лилја навистина се потруди од Скопје во Истанбул да донесе многу туна, мојот омилен специјалитет, па немав никаков проблем околу тоа што ќе јадам. Од таа страна бев релаксиран, но од друга, пак, сите тие денови додека бев во Истанбул се чувствував напнато, атмосферата беше затегната, таму бев да ја претставам нашата земја... Ме "уби" исчекувањето, а во главата, психата имав единствена цел: што подобро да ја претставам нашата земја, што поуспешно да се изборам за подобар пласман... Целиот тој товар што го носев во себе беше преголем, но се случи тоа што се случи и не сакам ништо повеќе да коментирам. Единствено ќе ви кажам дека Турците се покажаа како многу гостопримлив народ, иако во целиот тој хаос, трчање и проби, не стасав да видам ништо од Истанбул, ниту пак да си купам нешто...

И навистина не би сакал многу да зборувам за Евровизија, разочарам сум кога работите не зависат од мене и кога не можам да влијаам врз нив... Не сакам да критикувам, но ќе бидам маж и ќе признам дека погрешив кога ја дадов изјавата за Руслана веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром. Дефинитивно не е мој стил никого да критикувам, иако признавам, бев незадоволен, се чувствував револтирано и разочарано, но не смеев и пред себе и пред Бога да си дозволам да критикувам, а посебно не да ја напаѓам победничката на Евровизија.

Инаку, деновиве сум на продолжен одмор во Крушево. Се релаксирам со моите најблиски, внуците, шарпланинците, додека во Скопје Лилја ги брка последните подготовки пред моето вселување во новиот стан. Се надевам дека и тоа ќе се случи набрзо и среќен сум што конечно ќе добијам сопствена адреса и во Скопје.

Имам и уште една новина - во средата се подновив со нов автомобил. Овој пат се решив за ?мерцедес кабрио", така што ?стариот" џип ?мерцедес" го заменив со негова ?поразголена" варијанта за која сум сигурен дека ќе ми биде особена драга штом ?фатат" горештините...



Ве сакам

(Мај 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1484&stID=15770&pR=21
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Dudica
Admin
Admin
Dudica


Posts : 809
Join date : 2010-09-24
Age : 35
Location : Srbija

Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty2011-02-05, 03:22

Внук ми Никола - центар на мојот свет






Драги мои,



Бурата околу Евровизија стивна, а сето тоа што се случуваше во Истанбул сега ми изгледа како далечно минато. Колку малку треба за да се заборават неубавите работи, а колку долго се паметат убавите... И фала му на Бога што е така, иако, да бидам искрен, и не беше сў толку црно во Турција, огромно искуство за мене кое со радост би го повторил и повторно би ја претставувал Македонија на Евровизија.

Моментално му се радувам и уживам во одморот кај моите во Крушево. Малку шетање, многу вкусни јадења и играње со центарот на мојот свет - внучето Никола! Во изминатиов викенд на гости ни дојде и Лилја која, наместо два дена, остана само еден зашто мораше да се врати во Скопје и да продолжи со подготовките околу мојот голем концерт што е закажан за 29 јуни на Градскиот стадион. Јас не сакав да си оди, но штом таа ќе реши нешто - нема сила која може да ја запре! Најважно е што го свртевме Крушево в долж и попреку, се прејадовме домашна храна благодарение на мајка ми Доминика која, се надевам нема да звучам многу пристрасно, ги готви највкусните јадења на светот (!), и изедовме "тони" од нејзиниот прекрасен сос од печурки, кој ми е омилен и мене и на Лилја. И ќе ви кажам една мала тајна: мојата менаџерка се вљуби во малиот Никола и не го испушташе од раце. Всушност, сите се редевме во држењето зашто тој е голем плачко и бара постојано и целосно внимание, нешто што засега не му паѓа тешко никому од нас.

Деновиве уживам возејќи се и со новиот кабрио ?мерцедес", кој, мора да признам, е вистински ѕвер! Извозевме доста километри, секако кога ни дозволуваше времето и со отворен покрив, а една од "придобивките" беа и круговите околу моите очи! Носев очила, а сонцето толку многу ме испече што ми остави вистински крукчиња околу очите, па среќа што бев во Крушево и немав закажано некој настап оти ќе изгледав многу интересно, шарено!

Лилја не може да седи мирна, па така за денеска и утре ми закажа потпишување на моето ново цеде во продавниците на "Космофон" во Битола и во Прилеп. Всушност, отсекогаш ми било задоволство да се сретнам со мојата публика и да поразговарам околу новите песни, така што не ми паѓа тешко оваа обврска, која, впрочем, е и стратегиски направена, повторно во околината на Крушево. Инаку, вчера примив уште една од вакцините против мојата алергија, а треба да ги примам уште два месеца, а денеска, покрај обврската со потпишувањето од 13 до 15 часот, во Битола, други обврски немам. Се враќам во Крушево, а веќе на 9 јуни треба да патувам во Србија, каде што ќе учествувам во емисија на ТВ- "Пинк".

Во меѓувреме се средува и станот во Скопје. Клучевите се кај мене, адресата променета, а сега е во тек опремувањето со мебел. Кујната веќе ја нарачав, плакарите се прават, наскоро ќе ги бојадисам и ѕидовите во мојата омилена боја- бејби блу, а решив да урнам и еден ѕид за да ја спојам спалната соба со бањата... А кога ќе завршат сиве овие подготовки, ме очекува уште една слатка обврска - средување на моето прво сопствено студио за кое полека ја набавувам опремата...



Ве сакам

(Јуни 2004)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1490&stID=16304&pR=15
Kolumne Toseta Proeskog LVJ
Na vrh Go down
https://todortoseproeski.serbianforum.info
Sponsored content





Kolumne Toseta Proeskog Empty
KomentarNaslov komentara: Re: Kolumne Toseta Proeskog   Kolumne Toseta Proeskog Empty

Na vrh Go down
 
Kolumne Toseta Proeskog
Na vrh 
Stranica 1/1
 Similar topics
-
» Utrinski Vesnik o spomen kuci Toseta Proeskog
» Tošini fanovi sa darom za Beograd
» Rodjendan Toseta Proeskog obiljezen u Banja luci

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Todor Tose Proeski Forum :: Tošin magični život :: Nove vijesti vezane uz Tošu-
Idi na: