Dudica Admin
Posts : 809 Join date : 2010-09-24 Age : 35 Location : Srbija
| Naslov komentara: Spomen kuca bice mesto vrcnosti i duha Toseta Proeskog 2011-01-21, 05:49 | |
| Фондацијата Тоше Проески и семејството Проески изразуваат благодарност до македонската Влада и Министерството за култура за завршување на изградбата на Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево.
- Сигурни сме дека Спомен – куќата ќе биде место на неговата вечност, место кое ќе го чува неговиот дух и ќе ни прикажува кој беше Тоше, на која гитара свиреше, какво беше неговото музичко студио на кое компонираше, кој беше неговиот омилен автомобил, што на себе носеше, во што веруваше и пред што се молеше. Несомнено е дека преку оваа поддршка и реализираните проекти, во сеќавањата на оваа нација останаа силно да живеат високите уметнички дострели, хуманистички квалитети, вербата, љубовта и молитвата на Тоше Проески. Воедно се покажа дека во Република Македонија навистина се ценат вистинските вредности во културата, се вели во соопштението од Фондацијата Тоше Проески.
Оттаму информираат дека во координација со Министерството за култура ќе започнат со внесување на сите предмети на Тоше Проески кои ќе бидат дел од музејската збирка.
- Потенцираме дека станува збор за навистина голема збирка, која ќе ги запознае обожавателите на Тоше Проески со целокупниот негов уметнички и животен пат, нагласуваат од Фондацијата и додаваат дека во план е отворањето на Спомен-куќата да биде пропратено со голем музички настан.
sitel.com.mk
| |
|